Резултат 1
Воспоставена формална меѓуопштинска соработка,
Итно: 112 / 193 / 034/211-881
ТППЕ Гевгелија е територијална противпожарна единица која делува во служба на граѓаните преку гаснење пожари, спасување луѓе и имот, технички интервенции во ризични ситуации и поддршка при природни непогоди. Единицата активно работи и на превенција, едукација и подигање на јавната свест за безбедно однесување.
Во рамките на проектот „Општините како двигатели за одржлив развој“ и вториот повик за проекти за меѓуопштинска соработка, објавен од канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Бирото за регионален развој, Општина Гевгелија заедно со општина Богданци аплицираа со проектот "Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници", за коишто добијаа потврда за одобрување на проектот.
Проектот има за цел воспоставување на меѓуопштинска соработка на Општина Гевгелија и Општина Богданци во областа на Превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот.
Проектот овозможи воспоставување на меѓуопштинска соработка за поефикасно и поекономично вршење на надлежностите на општината утврдени во Законот за локална самоуправа, а кои се однесуваат на областа за Превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот.
Проектот исто така овозможи подобрување на опременоста на општините со современа заштитна и опрема за интервенција за урбани и шумски пожари, со цел зголемување на безбедноста и ефикасноста на пожарникарите при брзи и ефикасни интервенции.
Краткорочни резултати (за времетраење на проектот):
Воспоставена формална меѓуопштинска соработка,
Набавена и распределена заштитна опрема за урбан пожар за пожарникари од општина Гевгелија (11 комплети - одело, чизми, ракавици, шлем),
Набавена и распределена заштитна опрема за шумски пожар и опрема за интервенција за пожарникари од општина Богданци (8 комплети - одело, чизми, ракавици, шлем, 10 напретначи, 20 гребла и лопати),
Изработена веб страна на ТППЕ Гевгелија,
Обучени млади средношколци мажи и жени во областа на превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот и заштита на животната средина,
Реализирана заедничка теренска симулација/вежба со учество на обучените млади и пожарникарите од двете општини,
Одржан завршен јавен настан за презентација на резултатите и промоција на опремата и активностите.
На 24.02.2026 година и 25.02.2026 година беше реализирана обука за млади средношколци во СОУ Гевгелија и СОУ Богданци, од страна на стручни лица – пожарникари од ТППЕ Гевгелија во областа на Превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот. Учениците имаа можност да се запознаат со основните принципи на безбедно однесување во ситуации на ризик, како и со правилните постапки при појава на пожар. Преку теоретски предавања и практични демонстрации, стручните лица од ТППЕ Гевгелија им ги претставија на учениците начините на евакуација, користење на основна противпожарна опрема и укажување прва помош.
Посебен акцент беше ставен на развивање на свеста за личната и колективната одговорност, како и на важноста од навремена реакција и соработка со надлежните служби. Учениците од СОУ Гевгелија и СОУ Богданци активно учествуваа во дискусиите, поставуваа прашања и покажаа висок степен на интерес за темите поврзани со превенцијата и заштитата.
Со реализацијата на оваа активност, Општините Гевгелија и Богданци уште еднаш ја потврдија својата заложба за унапредување на знаењата и вештините на младите во областа на управување со ризици и заштита од катастрофи, со цел создавање побезбедни и поотпорни локални заедници.
За итни случаи користете 112 / 193.